ВМРО-ДПМНЕ: Народот спаси промена на придавката „македонски“, сега треба да ја спаси Македонија од Заев

Од:

„Народот е на улиците низ цела Македонија да ја спречи распродажбата на идентитетот која ја подготвуваше сега веќе премиерот во заминување, Зоран Заев. Затоа Заев сега е очаен и нервозен бидејќи тој е осамен и изолиран политичар. Излегоа на виделина сите лаги на Заев исто како и криминалот и корупцијата на оваа власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа Заев да ја спаси кариерата и да се спаси од одговорност во пазарџиски манир на тезга го стави идентитетот, јазикот, народот, историјата, па уште и го убедуваше народот дека е блиску до договор со Бугарија. Само очајни и корумпирани политичари може да речат дека е блиску до договор со некој кој ја оспорува придавката “македонски”, антифашистичките темели на државноста, јазикот и македонските херои.

Народот спаси промена на придавката македонски, сега треба да ја спаси Македонија од Заев. Со Заев нема ниту ЕУ, а има рецесија. Готово е. Народот, јавноста, експертите, опозицијата, па дури и членовите на СДСМ се кренаа против Заев.

Тоа значи дека за сите неуспеси на Македонија мора да биде казнет главниот виновник, Зоран Заев. Оставка на Заев, слобода на народот“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче