Откако папата Франсис порача дека дури и атеистите ќе заминат во рај, Ватикан многу бргу реагираше и објави исправка дека тие ќе одат во пекол.
Ватикан во соопштение го објасни зборот „спас“, откако бројни медиуми ширум светот објавија дека папата вети рај за сите оние кои што прават добри дела, но вклучувајќи ги и атеистите.
Портпаролот на Ватикан, Томас Росика изјави дека личностите кои што ја познаваат црквата не може да бидат спасени, доколку одбиваат да влезат или останат во неа.
Тоа значи дека атеистите ќе одат во пекол, доколку не го прифатат Исус Христус за нивен спасител.
Елена Георгиевска