Радиоактивна мајка не смее да си ги допре децата

Од:

Британката Ема Деј (27) не смее да им пријде на своите деца затоа што е радиоактивна! Оваа мајка на три деца не може да го прегрне, да ги погали или да биде до нив, бидејќи е радиоактивна поради лечење на рак на тироидната жлезда

Ема до децата не смее да се приближи еден метар, а изолирана е во болница, каде има посебна соба кога оди на прегледи и терапии.

Радиоактивноста се појавила како реакција на голема доза јод, која ја примала во рамки на терапијата. Иако лекарите сакале да ја сместат во болница, таа одбила за да помине повеќе време со своите деца, нормално од далечина.

-Психологот и објасни на најстарата ќерка, но на близнаците ништо не им е јасно. Премногу се мали за да разберат- тажно констатираше оваа несреќна мајка, која не смеела ниту да ги дои своите деца.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ