Владата објави низа кадровски решенија, Мухамед Зеќири именуван во Советот за реформа на јавната администрација

Од:

Согласно предлогот на владината комисија за кадровски прашања, Владата на денешната седница го отповика Марко Ѓоргиевски од должноста независен и неизвршен член на Одборот на директори на Акционерското друштво за вршење на енергетски дејност и Национални енергетски ресурси Скопје во државна сопственост.

Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, на владината седница е именуван за член на Советот за реформа на јавната администрација, на местото на Драги Рашковски.

На седницата, соопштија од владиниот Сектор за односи со јавноста, Владата се информирала за оставката на Дарио Николовски од должноста директор на Државниот студентски дом „Скопје“ во Скопје и заклучила да му препорача на Управниот одбор на Државниот студентски дом „Скопје“ во Скопје, за вршител на должноста директор на Државниот студентски дом „Скопје“, да го именува Виктор Велевски.

– Владата ја прифати информацијата на Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за именување на Марко Ѓоргиевски за в.д. директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за време до изборот на директор, а најдолго за шест месеци, се наведува во соопштението.

На негово барање, д-р Дарко Данев, е разрешен од должноста член на Совет на Институтот за акредитација на Република Северна Македонија – Скопје како претставник од универзитетите.

Владата на седницата го разреши Зоран Стојановски, исто на негово барање од должноста директор на Воспитно поправен дом Тетово, а Даниел Антовски е именуван за вршител на должност директор на Воспитно поправен дом Тетово.

Би можело да ве интересира

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите