Конструкт 42 е името на првиот македонски краткометражен анимиран „sci-fi“ филм кој гледачите ги носи во далечната иднина и ја раскажува приказната за последните напори за спас на човештвото.
Филмот е во режија на Никола Ангелкоски, кој има работено на повеќе интернационални анимирани филмови. Гласовите на ликовите ги позајмуваат Кристина Тасева и Александар Алексовски. Монтажата е на Жарко Јуруков, а за музиката се задолжени Бојан Сенковски и Михајло Вуковиќ.
Конструкт 42 треба да ја има својата премиера во 2021 година.
Еве ја официјалната тизер-најава: