Анимацијата „Една“ на Вук Митевски со престижна награда на Филмскиот фестивал во Краков

Од:

Краткометражната анимација „Една“ на Вук Митевски на филмскиот фестивал во Краков ја освои наградата на жирито за најдобар европски краткометражен филм и со ова добива директна номинација за Европската филмска Академија.

Европската Филмска Академија, листата на 15 номинации за најдобар краток филм ги добива од наградените филмови од 15 фестивали. Меѓу овие фестивали од кои се добива директна номинација се и Венецискиот, Берлинскиот, Локарно, Сараевскиот и Краков Филмскиот фестивал каде што „Една“ ја освои наградата.

На Краков Филмскиот фестивал наградата се одбира од филмовите во две селекции за краткометражен игран филм и анимиран филм заедно.

„Една“ е 11 минутна анимација инспирирана од бегалската криза, каде што нашата држава како транзитна земја ја проследи реката човечки судбини. Филмот е љубовна приказна поставена во многу необични околности, раскажана на многу апстрактен и поетски начин.

Анимацијата е изработена во рачен цртеж а копродукција е помеѓу нашата држава и Белгија, и е подржана од Македонската Агеција за Филм.

Сценариото е на Теона Стругар Митевска, музиката е изработена од Оливие Самујо, звук Емил Клотзц, монтажа на Благоја Неделковски и Ванчo Мираковски, асистент аниматор Марија Коробар.

По претходниот успех со повеќекратно наградуваната анимација „Алерик“, ова е четврта анимација на Вук Митевски.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето