Младите италијански архитекти Џулија Бортолоти и Лучио Леоне, кои живеат и работат во Њујорк, го прикажаа својот последен проект под наслов „Wooden Letters“ – „Дрвени букви“.
Овој интересен проект се состои од дрвени полици составени од букви од азбуката кои можат да имаат секојдневна примена. На пример, сетот „B-O-O-K“ е наменет да служи како полица за книги.
Буквите се занаетчиска креација изработена од страна на квалификувани столари, кои користат бои и лепаци на водена база.