Приведен крадец од Скопје, украденото вратено на сопственикот

Од:

На 4 декември во СВР Скопје бил приведен во полициска станица 38-годишниот В.А. од Скопје, поради сомнение дека истиот ден извршил кривично дело „тешка кражба“ од патничко возило на улицата „Христо Татарчев“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

По преземени мерки и активности и извршен разговор, како што се посочува, В.А. го појаснил стореното кривично дело и кај него се пронајдени украдените предмети, по што се вратени на сопственикот.

По комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ од патничко возило, предвидено и казниво по член 236 од Кривичниот законик, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

(ВИДЕО) Кражба на бакар од електро влечната потстаница Драчево, предизвикана е штета од 5 милиони евра

А1он

Крадци украдоа сеф со 200.000 евра од менувачница

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски