САД подготвуваат нови санкции кон Кина

Од:

САД подготвуваат нова рунда санкции за неколку кинески официјални лица поради нивната наводна вмешаност во дисквалификацијата на пратениците од опозицијата во Хонг Конг.

Британските медиуми наведуваат дека санкциите би можеле да бидат воведени уште денеска и ќе бидат насочени кон високи функционери на Кинеската комунистичка партија во време кога администрацијата на Доналд Трамп во заминување врши се поголем притисок врз Пекинг.

Стејт департментот и Белата куќа не одговорија веднаш на барањето да ја искоментираат оваа гласина.

Со санкциите ќе бидат опфатени 14 лица, вклучувајќи и кинески парламентарци и членови на Комунистичката партија, на кои може да им се замрзне имотот во странство и може да се соочат со финансиски санкции, изјавија два извора.

-Кина отсекогаш се спротивставува и силно го осудува мешањето на САД во внатрешните работи на Кина преку Хонг Конг, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Цунјинг.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак