Османи-Ашкензаи: Констатиран нагорен тренд во соработката на С. Македонија и Израел

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска имаше телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Државата Израел Габи Ашкенази, со кого разговараа за односите меѓу двете земји и за интензивирање на меѓусебната соработка.

-Непосреден повод за разговорот е дваесет и пет годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Државата Израел. Министрите Османи и Ашкенази се осврнаа на постигнувањата во изминатиот период, при што констатираа висок степен на пријателство меѓу двете земји и нагорен тренд во меѓусебната соработка, во сите области од заемен интерес. Воедно, беше потенцирана и заложбата за продолжување на политичкиот дијалог и интензивирање на севкупната соработка, соопшти МНР.

Министрите Османи и Ашкенази разменија мислења и за актуелните состојби на регионален и глобален план.

Би можело да ве интересира

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски