Хјундаи заврши со првата серија тестови на и20 ВРЦ

Од:

Хјундаи Моторспорт објави дека е успешно завршена првата серија сеопфатно тестирање на моделот и20 ВРЦ, кој ќе учествува во светскиот рели шампионатот од идната сезона.

Хјундаи и20 ВРЦ на тридневното тестирање мина 550 километи при што се извршени тестирања на различни системи и собирани податоци за возилото, кои дополнително ќе бидат анализирани од инженерите на компанијата. Специјално внимание е посветено на 1,6 литарскиот турбо бензински мотор.

hjundai-i201

Моделот излезе од седиштето на Хјундаи Моторспорт Алзенау во Германија. Тестирањето се очекува забрзано да продолжи бидејќи компанијата работи моделот и20 ВРЦ да биде подготвен за Релито во Монте Карло во јануари.

– Многу сме задоволни од резултатите на првите тестови. Имаме одлична основа. Без оглед што нема многу време, се надевам дека се ќе биде подготвено за следната сезона, изјави Мишел Хандан, шефот на Хјундаи рели тимот.

hjundai-i2011

Премиерниот настап на Хјундари ВРЦ е планиран на релито во Монте Карло, што значи дека тимот на Хјундари за подготовка има уште осум месеци.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска