ВМРО-ДПМНЕ: Со неспособниот Филипче, први по смртност, а последни по вакцинирање од Ковид-19

Од:

„Со неспособниот Филипче, први по смртност, а последни по вакцинирање против Ковид. Венко Филипче 2 месеци не може да спроведе вакцинација за сезонски грип, а најавува вакцинација против КОВИД.

Десетици илјади граѓани 2 месеци чекаат вакцина за грип, која требаше да ја примат уштр во октомври. Системот е целосно крахиран. Вакцина уште нема.

Истиот тој Филипче кој не е способен да обезбеди вакцина против сезонски грип сега најавува КОВИД вакцинација“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Како мисли Филипче дека граѓаните ќе му веруваат кога не е способен да направи обично вакцинирање, дека ќе може да направи масовна вакцинација?!

Уште сега апелираме, да се направи план за КОВИД вакцинација и да се вклучат сите потребни експерти. Да не се доведеме во ситуација како држава да имамр редици луѓе пред болниците и нови потенцијални кластери.

Во меѓувреме е потребен посериозен пристап. Секој ден бројот на заболени од КОВИД е над 1000. Секој ден се рушат негативни рекорди и државата се завива во црно со десетици мртви.

На врвот сме по бројот на смртни случаи на милион жители. Македонија е завиена во црно. Венко Филипче наместо да понесе одговорност оди низ Македонија и си тера партиска кампања.

Филипче не е само партиски функционер на СДСМ, туку и министер за здравство, а како таков здравјето на граѓаните мора да му биде на прво место. Но тоа во изминатиов период не го покажа. А нема ни образ за да си поднесе оставка“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски