Над 100 приведени во Атина на годишнината од смртта на тинејџер убиен од полицијата

Од:

Над 100 лица денеска се приведени во Атина, во повеќе одделни случаи, на одбележувањето на 12-годишнината од убиството на тинејџерот Алексис Григоропулос поради забраната за секаков вид собири на четири или повеќе лица. Полициското присуство беше оромно во грчката метропола, особено во населбата каде што во 2008 година од полицијата беше убиено тогаш 15-годишното момче.

При секаков обид за собир, полицијата експресно интервенираше, а во еден случај, употреби и шок бомба. Пристапот до местото каде што беше убиен Григорпулос е забранет за сите, дури и за новинарските екипи.

Паралелно освен забраната, Атина е под строги безбедносни мерки, со затворени десет метро станици, ангажирани над 4.000 полицајци, дронови, хеликоптери и цистерни со вода за растерување демонстранти.

Секоја година, на 6 декември во Атина, но и на дел од грчките градови, се одржуваат масовни протести во чест на Григоропулос и против полициското насилство, со оглед на тоа дека во 2008 година, момчето беше смртно застрелано од полицаец, но оваа година, поради карантинот изостанаа помасовни собири.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит