Вардар и Работнички ги одиграа реми без голови скопското дерби, додека Шкупи триумфираше на гостувањето во Битола во 15. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Во меч со шанси на двете страни, дербито меѓу актуелниот првак Вардар и градскиот ривал Работнички заврши 0-0 на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Второпласираниот Шкупи го задржа чекорот со водечката Шкендија, откако со трите гола на најдобриот стрелец во ПМФЛ Дембо Дарбо славеше гостинска победа над Пелистер со 3-1.
ПМФЛ 15. коло:
Вардар – Работнички 0:0
Струга Трим-Академија Пандев 1:1 (Ристевски 57 – Стоилов 71)
Ренова – Силекс 0:0
Пелистер – Шкупи 1:3 (Маневски 18 – Дарбо 21, 28, 55)
Беласица-Македонија ЃП 1:3 (Коцев 41 – Божиновски 34, Адем 53, Петров 73
Табела: Шкендија 33, Шкупи 31, Македонија ЃП 29, Борец 22, Силекс 21, Струга Трим 21, Вардар 20, Работнички 18, Ренова 15, Пелистер 12, Академија Пандев 11, Беласица 9.