Велика Британија: ЕУ постојано ни поставува нови услови

Од:

Британската Влада ќе мора да заземе конечен став за тоа дали ќе биде можно да се постигне договор за деталите за излезот и понатамошната соработка со Европската унија по конечното излегување на земјата од Унијата на 31 декември, изјави денеска британскиот министер за заштита на животната средина Џорџ Јустис.

Според „Гардијан“, тој ја обвини ЕУ дека „постојано и во последен момент измислува нови барања, кои го доведуваат во прашање постигнувањето на договор“.

Јустис се осврна на најновите извештаи дека преговорите наскоро целосно ќе пропаднат, додека извор близок до Владата, кој учествувал во преговорите, изјави дека ова е „последното фрлање на коцката“.

– Имаше надеж, имаше напредок во преговорите минатата недела, во еден момент се чинеше дека ќе постигнеме решение, а потоа ЕУ додаде цела низа дополнителни барања, што предизвика проблеми. Ќе продолжиме да преговараме сè додека нема смисла да се преговара, но нема сомнение дека она што се случи во петокот и саботата е голем чекор назад, рече Јустис.

ЕУ ги отфрли тврдењата на Јустис дека барањата претставуваат „закана за преговорите“.

Преговорите меѓу Велика Британија и ЕУ продолжија и денеска во последен обид да се постигне конечен договор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска