Бочварски: Евтините авиолинии ќе бидат обновени веднаш по отворањето на границите

Од:

Евтините авио линии, кои беа прекинати поради ковид-кризата ќе бидат обновени веднаш откако ќе се отворат границите, најави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

-Работиме на полето на враќање на авиолиниите, но тоа не е прашање кое треба еднострано да се дискутира, туку се однесува и на билатералните односи помеѓу две земји. Како ќе се отвораат границите и ќе се олеснуваат протоколите и како здравствените работници во двете земји ќе нудат олеснителни можности во однос на ковид кризата, така ние ќе го следиме тој процес и ќе ги враќаме авиолиниите, рече Бочварски во одговор на прашање на одбележувањето на воспоставувањето нова директна авиолинија меѓу Скопје и Киев.

Тој посочи дека за 2021 година има предвидено 69,5 мииони денари за субвенционирањена евтините авиолинии.

-Веднаш штом се отворат овие стопирани линии ќе продолжиме со реализација и ќе ги враќаме. Штом се отворат границите веднаш ќе се вратат линиите кои беа запрени поради ковид-кризата и повторно ќе се воспостават. Овој месец очекуваме повторно да се воспостави летот помеѓу Скопје и Абу Даби преку Визер кој е дел од програмата за субвенционирани летови, рече Бочварски

Би можело да ве интересира

Израел: Го нападнавме Иран со повеќе од 200 борбени авиони

Аларм во Вашингтон, не сакаат да им се случи руското сценарио

(ВИДЕО) Украина тврди дека нејзини беспилотни летала уништила „повеќе од 40“ руски бомбардери

Пакистан го затвора воздушниот простор за индиските авиокомпании

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ