„Беспредметна е иницјативата на претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов, за распишување референдум на државно ниво за членот 1 од Законот за амнестија“.
Ваков одговор добил Ангелов од Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, со објаснување дека не може да се распише референдум за прашањата кои се однесуваат на Буџетот на Македонија и неговата завршна сметка, за изборите како и за амнестијата.
Ангелов порача дека ова е втор пат Собранието да го прекрши Законот и Деловникот по „црниот“ понеделник на 24. декември и со поддршка на коалициските партии ќе побара интерпелација на Трајко Вељаноски.
Воедно, претседателот на Достоинство им подели флаери на пратениците кои влегуваа во Собранието, кои содржат извадоци од Уставот на Македонија, Законот за референдум како и Деловникот.
– Ние понесовме граѓанска иницијатива за организирање на референдум за 4 референдумски прашања до претседателот на Собранието. Тој е должен да утврди дека ако иницијативата не е уредна треба да ја стави на дневен ред на првата наредна седница на собрание но не подоцна од 15 дена.
– Истата оваа обрврска претседателот ја има и со Деловникот каде што е предвидено дека претседателот на Собранието по добивањето на предлог на граѓанкса иницијатива за распишување на референдум веднаш ја доставува до Претседателот на Законодавно – правната комиција и до Претседателот на матичното работно тело – изјави Ангелов.
Тој апелира до пратениците во Собранието да проценат дали неговата иницијатива е беспредметна и побара да ја почитуваат законската процедура која ја налага Законот за референдум и Деловникот на Собранието.
Петар Клинчарски