Нема услови за договор со Британија околу Брегзит, вели главниот преговарач на Брисел

Од:

Главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние во разговорите за излез на Велика Британија од Унијата вечерва изјави дека интензивните разговори со Лондон во моментов се прекинати бидејќи нема услови за постигнување договор.

– После една недела интензивни преговори во Лондон, заедно со британскиот преговарач Дејвид Фрост, денеска оценивме дека нема услови за постигнување договор, поради значителните разлики во областите – еднакви права за сите, управување и риболов, напиша Барние на Твитер.

Тој истакна дека преговорите засега се прекинати со цел засегнатите страни да бидат информирани за „состојбата на работите“.

Барние најави дека претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен утре ќе разговара со премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска