Морничава снимка од напад на ајкула во водите на Црвеното Море беше објавена од локалните медиуми во Египет.
Жртвата е туристка, која нуркала заедно со инструктор блиску до брегот, во одморалиштето Марса Алам.
На видеото се гледа страшниот момент кога ајкулата, која, според сведоштвата, се појавила „од никаде“ и отпрво неколку секунди била навидум незаинтересирана за луѓето во водата, наеднаш напаѓа и ги зарива забите во жената.
43-годишната туристка од Германија е пренесена во болница со исеченици и внатрешни повреди на рамото, а лекарите кои ја „сошиле“ велат дека имала среќа што го носела дебелиот костим за нуркање, кој ѝ го спасил животот.
Според првичните наоди на властите, ајкулата била од вид кој обично се среќава во океаните и ретко напаѓа луѓе.