Нов „вештачки“ земјотрес со јачина од 3,5 степени регистриран на периферијата на Стразбур

Од:

Според Националната мрежа за сеизмички мониторинг (Ренас) на Франција, новиот земјотрес беше почувствуван во петокот на 4 декември во пошироката област на Стразбур, каде неодамна беше запрено продолжувањето на геотермалниот проект по претходните сеизмички епизоди.

Ренас го класифицираше овој земјотрес што се случи во 6:59 часот наутро како „предизвикан“, односно предизвикан од човечка активност. Епицентарот на земјотресот се наоѓа во близина на локација каде се изведува проект за геотермална централа, предводен од компанијата „Фонрош“ северно од Стразбур, во комуните Ванденхајм и Рајхет.

На оваа локација, беа избушени два бунара на длабочина од 5 километри со цел да се испумпува топла подземна вода за да се искористи нејзиниот енергетски потенцијал на површината, пред повторно да се внесе во подземјето. Многу жители од регионот преку интернет повикуваат на крај на геотермалните активности во Рајхстет-Венденхајм.

По првиот земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала, кој се случи на 12 ноември 2019 година и чиј епицентар беше регистриран на 5 километри од геотермалното место, активностите на локалитетот беа запрени од префектурата на Долна Рајна. Студиите спроведени за да се разбере потеклото на овој земјотрес не овозможија да се одлучи помеѓу хипотезата за земјотрес од природно потекло или од предизвикано потекло.

Во октомври беа извршени тестови на геотермалната локација. Следуваа нови повторени потреси, десет за две недели помеѓу крајот на октомври и почетокот на ноември, што доведе до наредба за прекин на изведбите од страна на префектурата на Долна Рајна. Фонрош призна дека овие потреси во изминатите два месеци се должат на нејзините тестови.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Силен земјотрес го погоди островот Јава

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски