Охридските советници шест месеци без хонорари

Од:

Шест месеци на охридските советници не им се исплатени хонорарите за нивниот ангажман во Советот на општината. На секој советник поединечно општината им должи околу 74.000 днеари, со оглед дека паушалот за секој советник поединечно изнесува 14.000 денари.

Советниците последен пат пари добиле во декември. Од локалната власт на советниците им ветиле дека парите ќе им бидат исплатени во текот на летниот период.

Од таму велат дека „пари за советничките паушали биле одвоени , но оти проблемот настанал поради ненавремено плаќање на персоналниот данок при што парите биле заглавени во Управата за јавни приходи“.

Висина на паушалот изнесува 70% од просечната нето плата во Македонија но зависи и од големината на општината.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид