ВМРО-ДПМНЕ: Заев со тоа што прифатил промена на учебниците согласно бугарските барања и откажување од народните херои ќе одговара за велепредавство

Од:

„Вчера квинслингот Заев кажа дека ќе ги менува учебниците по историја од 2021 година, што значи дека ќе имаме учебници по бугарски терк.

Премиерот во заминување Заев менувајќи ја историјата го менува идентитетот на Македонците. Со тоа Заеви и официјално започна да си го спроведува кажаното во срамното интервју каде се откажува од се што е македонско и прави ретуширање на историјата“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Велепредавникот Заев да каже дали го продаде АСНОМ, прифати ли дека бугарската окупација за време на Втората светска војна била администрација, го продаде ли Илинден, Гоце Делчев?

Сега е момент сите граѓани да се освестат и да одлучат дали ќе се спротиставиме на ова и ќе го заштитиме македонскиот идентитет или ќе сме соучесници во бришењето на македонската историја, сегашност и иднина.

Заев со тоа што прифатил промена на учебниците согласно бугарските барања и отказување од народните херои ќе одговара за велепредавство“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче