Универзитетскиот професор Пеце Николовски е избран за нов претседател на Сенатот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола.
Изборот на претседател и членови на Сенатот на УКЛО-Битола е извршен со тајно гласање и согласно Законот за високото образование.
Пеце Николовски е редовен професор на Економскиот факултет во Прилеп, автор на учебници, книги и учебни помагала за студентите од сите циклуси на студирање. Негово поле на научна преокупација е ревизијата на финансиските извештаи, финансиска анализа, финансиска контрола и сметководство.
Проф. д-р Николовски е редовен член на Македонско научно друштво-Битола.