Димовски: Земјоделството нема да има негативни последици по влезот на Хрватска во ЕУ

Од:

Македонија по 1 јули годинава, од влегувањето на Хрватска во Европската унија, нема да почувствува никакви негативни последици во однос на трговијата со земјоделските производи, изјави денеска ресорниот министер Љупчо Димовски.

Според него, веќе се реализирани преговорите со надлежните институции од Унијата, а нашиот тим одлично ја завршил работата. Количината наливно вино кое беше предмет на извоз во Хрватска е зголемена и е ставена во квотата производи кои ќе можат да се извезуваат дополнително во ЕУ.

За сите останати земјоделски производи од Македонија ќе има слободен извоз, без никакви царински ограничувања и контингетни, додека за увозот од членките на ЕУ, вклучувајќи ја и Хрватска, квотите се проширени, но за најмногу до половина од увозот на хрватските на македонскиот пазар.

– Ова е позитивно за нас, договорот треба да биде потпишан многу скоро и веќе од 1 јули ќе тереба да се применуваат овие одредби, рече Димовски пред регионалниот агробизнис форум.

Форумот го организираа Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија и УСАИД со цел јакнење на соработката меѓу компаниите од регионот.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници