Грција заедно со останатите балкански земји е новата порта за влез на кокаинот во Европа, покажуваат податоците од извештајот на Европскиот центар за наркотици, објави грчкиот весник „Епикера“.
Во документот Грција се посочува и како земја со најголем број на регистрирани случаи на СИДА меѓу уживателите на наркотици, додека бројот на заразени со ХИВ вирусот во земјата изминатите неколку години е нагло зголемен.
Синтетичките дроги како метамфетамин, исто така, сега се меѓу најчесто користените наркотици во Грција, каде претходно оваа дрога не беше присутна.