КСС: Недела неработен ден без правење хаос во Законот за работни односи

Од:

Конфедерацијата на слободни синдикати предупредува дека со Предлог-измените во Законот за работни односи со кои недела треба да се прогласи за неработен ден ќе се направи хаос бидејќи со подзаконски акти ќе се утврдува кој ќе работи, а кој не.

Сметаат дека на овој начин ќе се уназадат правата на работниците и предлагаат во став 134 став 2 од Законот за работни односи да стои дека Недела е ден за неделен одмор, а секоја раота во недела да се пресметува како прекувремена работа и да се исплаќа дневница зголемена за 50 проценти. Во став 3 од истиот член предлагаат да се додаде дека неделното работно време не смее да се продолжува во недела, односно дека неделното работно време е од понеделник до сабота.

– Со ваква измена сметаме дека се задоволуваат потребите на работниците, но и на бизнис секторот од причини што во Законот за работни односи, член 117 став 5 вели дека ,,Прекувремената работа може да трае најмногу осум часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно”. Со ваква измена во членот 134 и имајќи го предвид членот 117 каде што кажува колку најмногу може прекувремено да работи еден работник, се заштитува работникот од една страна, да неможе да работи секоја недела, а од друга страна исплатата на дополнителна зголемена дневница го задоволува трудот кој сега би имал додадена вредност и капиталот се распределува порамноправно, појаснува КСС во соопштението.

Би можело да ве интересира

Левица пред КСС ја претстави трудова програма

А1он

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за протестот на КСС пред Собрание

Горан Наумовски

КСС на протест пред Собрание поради носењето на Законот за административни службеници

Горан Наумовски

Владата воведува работно време од 72 часа во текот на една недела како пред 137 години – жестока реакција на синдикатите

Првомајски протестен марш на КСС: Лошата состојба на работниците и понатаму непроменета

Ана Ололовска

Првомајски протести на синдикатите: „Работниците се државата“