Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денеска оцени дека договорот за Нагорно карабах позитивно ќе влијае на односите меѓу Турција и Ерменија.
– Со неодамнешниот договор меѓу Азербејџан, Ерменија и Русија, постојат реални шанси за мир по три децении. Ова сигурно ќе има позитивни последици врз регионалната стабилност, како и за односите меѓу Азербејџан и Ерменија и Турција и Ерменија, рече Чавушоглу на 27-миот состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ, кој се одржува во форма на видео конференција, пренесува ТАСС.
На крајот на септември избија жестоки судири во Нагорно Карабах, а на 9 ноември лидерите на Ерменија, Азербејџан и Русија потпишаа заедничка декларација за прекин на огнот.