Бислимоски: Неопходно е да се продолжи со реформите и инвестициите во енергетскиот сектор да бидат приоритет

Од:

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, Марко Бислимоски, претседаваше со 47 состанок на Одборот на регулатори на енергетската заедница (ECRB).

Состанокот се одржа преку он-лајн платформа на кој учествуваа регулаторите од Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Украина.

Бислимоски кажа дека реформите мора да продолжат, а инвестициите во енергетскиот сектор да се откочат и да бидат приоритет кај сите земји затоа што пандемијата покажа дека зголемувањето на енергетската независност и самостојност е гарантор за сигурна енергетска иднина.

„Состојбата во енергетиката е генерално предизвикувачка. Доброто менаџирање во услови на пандемија е клучно и енергетските компании одговараат на предизвиците иако состојбата е сложена. Последиците од пандемијата ја зголемија потрошувачката на граѓаните, додека индустриски потрошувачка пополека се враќа кон нормална. Дополнителен притисок е ослабнатата финансиска состојба на потрошувачите која се рефлектира во редовното подмирување на сметките за електрична енергија и парно, затоа клучно е да се заштитат ранливите потрошувачи во сите земји. Енергетските компании се борат со ликвидност, во година кога хидрологијата е исклучително неповолна. Позитивните вести дека ќе стартува вакцинацијата дава надеж дека набрзо ќе се вратиме во нормала. Но неопходно е да се продолжи со реформите и инвестициите во енергетскиот сектор да бидат приоритет, затоа што не смее пандемијата да биде изговор, мора да се најдат пари за да се реализираат инвестициите кои се влог за безбедна енергетска иднина“, изјави Бислимоски.

Во декември 2019 година Бислимоски беше едногласно избран за претседател на Одборот на регулатори на енергетската заедница (Energy Community Regulatory Board – ECRB).

Би можело да ве интересира

РКЕ: Цената на струјата за најголемиот дел од потрошувачите од домаќинствата поскапува за 0,5 отсто

Горан Наумовски

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

A1on

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

A1on

РКЕ: Неточни се наводите на професорот Трајковски дека мрежарината ги зголемува сметките

A1on

Професор Трајковски: Фиксната мрежарина ги прави сметките поголеми при сите нивоа на потрошувачка

A1on

Бислимоски: За две години се инсталирани фотоволтаици со иста моќност колку РЕК Битола

A1on