Убиецот на словачкиот новинар Јан Куцијак осуден на 25 години затвор

Од:

Врховниот суд на Словачка денеска го осуди убиецот на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и на неговата девојка, на на 25 години затвор за злосторствата извршени во 2018 година.

-Оваа пресуда на жалбениот суд против поранешниот војник, Мирослав Марчек, е конечна и на неа веќе нема простор за жалби, потврди портпаролот на судот Александра Вазанова.

На почетокот на оваа година, Марчек призна дека во февруари 2018 година ги убил Куцијак и неговата свршеница Мартин Кушнирова, пукајќи им во глава и гради.

Со оваа пресуда Врховниот суд ја поправи поблагата казна на Специјалниот кривичен суд во Пежинок, град крај Братислава. Тамошните судии во април годинава го осудија Марчек на 23 години затвор, а како олеснителни околности му ги земале фактот дека се изјаснил за виновен и што на истражители им дал вредни информации за луѓето за кои се верува дека го нарачале убиството.

Јавниот обвинител, меѓутоа, инсистираше на максимална казна заради тежината на кривичното дело.

Истражувачкиот новинар Куцијак објави повеќе од десетина написи за претприемачот Маријан Кочнер. Во една статија објавена непосредно пред убиството, Куцијак го обвини Кочнер дека е вмешан во шема за даночна измама и успеа да докаже дека на тој начин илегално заработил милиони евра.

Куцијак стана познат по откритијата за затајување данок и бројни измами на деловни луѓе поврзани со владејачката партија на земјата Смер.

Тој, исто така, пишуваше и за поврзаноста на словачките власти со италијанската мафијашка организација Ндрангета.

Извештајот објавен по неговата смрт за можни врски помеѓу италијански мафијашки кланови и словачки државни службеници предизвика масовни протести против корупцијата и доведе до оставка на тогашната влада.

Би можело да ве интересира

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина

Дојава за поставена бомба во катедрала во Кошице

Словачка: Дојави за поставени бомби и мини во училиштата и судовите

Горан Наумовски

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил