Ѓукановиќ: Експозето на мандатарот Кривокапиќ полно со контрадикторности

Од:

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, кој присуствува на презентацијата на програмата на новата влада во парламентот, за време на паузата изјави дека е „добро што почна процесот на избор на новата влада“.

-Сметам дека на оваа и на претходните влади треба да им се суди врз основа на тоа што ќе го сторат, а не врз основа на тоа што ќе го најават. Мојот главен впечаток е дека целата презентација се заснова на полемички тези во врска со предрасудите формирани од премиерот во минатото, што не е добра стартна позиција, рече Ѓукановиќ, коментирајќи го експозето на мандатарот Здравко Кривокапиќ.

Црногорскиот претседател притоа додаде дека е „многу помудро да се сочека со критиките“.

-Подобро ќе се избегнеа контрадикторностите што изобилуваа со експозето. И се одава признание на ЕУ, а истовремено се критикува сето тоа што Црна Гора го стори во меѓународната политика, забележа Ѓукановиќ.

Тој, исто така, кажа дека не се согласи со оценката дека се случиле првите демократски избори.

-Сите претходни избори беа следени од меѓународната заедница. Не е дека Црна Гора сите резултати ги постигна со дефицит на демократија. Не е можно да се зборува за Црна Гора како пеплосана економија. Тешко може да му се одолее на впечатокот дека станува збор за сериозни предрасуди, додаде Ѓукановиќ.

На прашањето дали ќе остане претседател на ДПС по вонредниот конгрес, тој одговори кратко „за тоа, потоа“, пренесе подгорички „Вијести“.

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала