Бучковски: Убеден сум дека ќе најдеме решение, но не за седум дена

Од:

Специјалниот владин претставник за Бугарија, Владо Бучковски, вели дека е убеден оти ќе се најде решение, но не за седум дена.

„Можеби ќе биде потребно дополнително време, но сме на вистинскиот пат. Јас заради моето искуство нема да прифатам со нашите бугарски пријатели да ги испраќаме пораките преку медиумите“, рече Бучковски.

Тој вели дека не знае дали за една недела може да се случи чудо, но до последен момент ќе се бори за да се изнајде решение.

„Јас се надевам дека со моето искуство, со довербата која ја имам и во бугарската јавност, ќе бидам јасен сигнал на посветеноста на нашата Влада во исполнувањето на преземените обврски од Договорот за пријателство и соработка.

Со задоволство го прифатив овој предизвик затоа што сум убеден дека можеме да стигнеме до решение кое ќе го деблокира процесот, а од друга страна ќе биде во духот на европските вредности со целосно почитување на нашето достоинство“, вели Владо Бучковски.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вели дека со ова ја пополнуваме дипломатската празнина, бидејќи немаме назначено амбасадор во Софија.

„Создаваме низа механизми за да ја засилиме довербата меѓу двете земји. Работиме и на дополнителни форми на акциски планови за суштински да покажеме намери да ја засилиме улогата на Договорот за пријателство, неговата ефикасност и имплементација“, рече Османи.

ПРетходно денеска, портпаролот на Владата, Душко Арсовски, изјави дека Владо Бучковски е избран за специјален претставник за Бугарија бидејќи е одличен познавач на македонско бугарските односи.

„Почитуван е од бугарските општествени и политички чинители, има добри контакти со Бугарија и добро е примен во тамошната јавност, има позитивни перцепции за неговите политики како поранешен премиер и е прифатен како некој кој порано придонесувал позитивно кон подобрување на односите со соседска Бугарија“, рече Арсовски, одговарајќи на прашањето по кои критериуми е избран Бучковски.

Би можело да ве интересира

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија

Османи: Ако е Мицкоски криминофоб, се плаши ли од 150 дивоградби во Чаир, или провизиите за Скендербег?

Катерина Ѓуровски

Османи: Секое маало ќе има минимум два паркинга, бесплатен и со плаќање

Горан Наумовски

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите

Османи: Секоја продавница што ќе се отвори во Чаршија ќе биде субвенционирана, секој мајстор кој ќе обучи чирак, ќе има стипендија

Османи: Чаир не смее да биде општина на стравот