Полицијата на Флорида на лице место го фатила 21-годишниот Ендру Фисингер додека ограбувал куќа и ја цртал со графити.
Тој од куќата земал голем број вредни предмети како компјутери, накит, лекови и сл.
Во филмската полициска потера по 21-годишниот крадец биле вклучени неколку полициски автомобили и еден хеликоптер.
Но, она што го издвојува овој од останатите крадци е неговиот потег кој ги оставил полицајците без зборови.
Имено, додека полицијата го бркала, Фасингер застанал пред друга куќа, во која насилно влегол да земе две ладни пива.
Фасингер подоцна е уапсен и моментално е во притвор.