„Денес е денот кога сите граѓани на Република Македонија ќе продолжат заедно во битка за одбрана на честа и достоинството на македонската држава.
Време е да се каже доста е на понижување и распродажба на државните и национални интереси. Токму затоа сите граѓани заедно сплотени, во масовен број и ќе испратат порака дека Зоран Заев и СДСМ мора да заминат час побрзо бидејќи на Македонија и донесоа само порази и неуспеси“, велат ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата ги повикува граѓаните денеска во 15:00 часот да се приклучат на блокадите пред Владата на Република Македонија и Министерството за надворешни работи, а протести ќе се одржат и во 15 градови ширум државата, со почеток од 18:00 часот.
„Денес е моментот кога граѓаните на Куманово, Македонска Каменица, Пробиштип, Делчево, Пехчево, Берово, Виница, Радовиш, Валандово, Дојран, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид ќе се обединат против злото наречено Зоран Заев и СДСМ.
Протест сега, за да не биде предоцна! Оставка на Заев, слобода на народот!“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.