Во Грција повторно над илјада нови случаи, од Ковид-19 починаа 85 лица

Од:

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 1.044 нови случаи на Ковид-19, а почина уште 85 лица, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје.

На денешната редовна прес конференција за ситуацијата со Ковид-19 во земјата, професорката епидемиолог и член на надлежната комисија Вана Папаевангелу рече дека и понатаму продолжува притисокот на Одделите за интензивна нега во северна Грција, иако епидемиолошките податоци покажуваат намалување, како во однос на процентот позитивни случаи од направените тестови, така и во однос на индексот Рт, чија вредност е под еден.

Папаевангелу истакна дека е јасно дека „мерките не се почитуваат од сите, го гледаме тоа од движењето на улиците“.

Професорот епидемиолог Гикас Мајоркинис рече дека бројот на новозаразени во измината седмица во Солун е намален за 20, а во Атина за 30 отсто, но сепак дека е висок е бројот на активни случаи и е на исто ниво како и на почетокот од месецов.

Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 105.271 случаи, а почина 2.406 лица.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит