Кикиљас: До лето ќе го постигнеме посакуваниот имунитет на населението

Од:

Вакцината секако е важна станица, бидејќи постепено до летото ќе го постигнеме посакуваниот имунитет кај населението, пишува министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас во неговата колумна за весникот „Real news“ и додава дека сепак, дотогаш, националната издржливост ќе биде на тест.

Тој истакна дека во вториот бран од пандемијата, со големата раширеност на коронавирусот меѓу граѓаните, со последиците што ги има врз сите, индивидуално и колективно, и со огромниот притисок врз националниот здравствен систем, „се тестира нашата национална издржливост“, повикувајќи да се почитуваат превентивните мерки.

– Уште еднаш ќе замолам, знаејќи дека сите живееме тешко, знаејќи дека сите сме на своите граници, психолошки, финансиски, социјални, човечки, ајде да вложиме уште еден напор. Да се ​​обидеме да се заштитиме себеси, но и другите, ранливите, слабите. Да се придржуваме кон трите мерки што ќе спасат животи: маска – растојание – антисептик. Не затоа што тоа е наредба од државата, не затоа што е наредба од експертите, не затоа што за тоа следат казни, туку затоа што се грижиме и се заштитуваме едни со други, затоа што во оваа битка сме сите заедно и сите заедно ја градиме нашата национална издржливост, пишува министерот за здравство на Грција.

Според планот на грчката Влада, кога вакцината ќе биде достапна ќе има можност да се вакцинираат 2.117.000 лица месечно во 1.018 специјално формирани центри.

Би можело да ве интересира

Намален бројот на починати и заразени со Ковид-19 во Грција

Намален бројот на починати и заразени со Ковид-19 во Грција

Над 130.000 заразени и 241 починат од Ковид-19 за една седмица во Грција

Зголемен бројот на случаи на Ковид-19 во туристичките делови на Грција

Грција ги укинува речиси сите рестриктивни мерки за Ковид-19

Продолжено времетраењето на сертификатите во внатрешноста на Грција