Пановски ги посетил ковид центрите на интерните клиники, правилно се третираат пациентите

Од:

Министерството за здравство преку соопштение информира дека доктор Никола Пановски, универзитетски професор по микробиологија и експерт во својата област, ги посетил ковид центрите на интерните клиники во Клиничкиот центар на покана на министерот за здравство Венко Филипче.

Пановски, како што се наведува во соопштението, направил визита и преглед на пациенти и до министерот Филипче испратил стручно мислење за организацијата на ковид центрите, стручниот кадар и со каква терапија се лекуваат пациентите.

– Организационо солидно се поставени центрите, со јасна поделба на зелена и црвена зона, персоналот е адекватно заштитен, а тоа што јавноста треба да го знае, е дека во сите тие центри постојано има присутен пулмолог, а не како што пишуваат по социјалните мрежи дека таму лекувал на пример офталмолог. Со четворица од нив разговарав, со двајца лично, со две преку телефонска видео врска, напишал проф. д-р Никола Пановски во стручното мислење.

Во однос на начинот на лекување, Пановски констатирал правилно давање антибиотици и други лекови.

– Што се однесува до терапијата со антибиотици, за дијагнозата пневмонија, се почитуваат протоколите за лекување, и антибиотици се ординираат според клиничката слика, компјутерска слика на белите дробови и комплетни лабораториски наоди, каде се користи и најосетливиот маркер за диференцијација на вирусна од бактериска инфекција, прокалцитонинот. Се почитуваат протоколите за антибиотска терапија на пневмониии, како на пример монотерапија со респираторен кинолон, или комбинација на беталактам (цефтриаксон) со макролид (азитромицина најчесто) и кај тешките форми, каде нема ефект од оваа терапија или постои сомнение за болнички стекната пневмонија, се ординира карбапенем (имипенем или меропенем) со ванкомицин. Кај еден од случаите кои беа дел од анализата, лице кое покрај ковид има и леукемија, лекувањето е во корелација со хематолог, пациентот имал леукоцити 120, ЦРП 300, а сега со спомената терапија, леукоцитите паднале на 35, а ЦРП на 50. За сега немало потреба од употреба на колистин. Инаку кај нас, особено на КАРИЛ постојат болнички соеви на Грам негативни бактерии кои се остеливи само на колистин, стои во дописот на проф.д-р Пановски до министерот Филипче.

Доктор Пановски посочува дека освен во ковид центрите на интерните клиники, треба да се провери како се организирани и ковид центрите во внатрешноста.

– Министерот Филипче смета дека од големо значење е стручната експертиза на д-р Пановски, во борбата против вирусот Ковид 19, па затоа професорот има отворена покана да допринесе со своето знаење и искуство и да посети други ковид центри, во останатите градови низ државата, се вели во соопштението.

На крајот од дописот проф. д-р Никола Пановски ја пофалил организационата структура која министерот Венко Филипче му ја доверил на проф. д-р Дејан Докиќ кој е назначен за координатор на ковид центрите во интерните клиники.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on