Германскиот производител на автомобили БМВ во соработка со италијанската дизајнерска компанија Пинафарина го претстави новиот луксузен концепт Гран Лусо Купе.
Резултат на соработката е извонреден стилски автомобил што треба да го претстави најдоброто од двете компании. Моделот претставува визија на купе од некоја идна Серија 7.
Концептот Гран Лусо Купе е „поставен“ на фелги со големина од 21 инч. Внатрешноста е елегантна каде доминраат кожа и фрагменти од дрво и хром.
Иако официјалните податоци не се објавени, се претпоставува дека за погонот на концептот е задолжен 6,0 литарскиот В12 мотор на ВМВ што испорачува 544 коњски сили.
– Кога на заеднички проект ќе се вклучат две исклучителни компании со максимално меѓусебно почитување, резултатот од нивната соработка едноставно мора да биде специјален, изјави шефот на дизајнерскиот оддел на Пинафарина Фабио Филипини.