Кипар и Грција со најголемо зголемување на цените на струјата во Европа

Од:

Највисоко зголемување на цените на електричната енергија во Европа е регистрирано во Кипар и Грција во втората половина на 2012 година, според податоците на Европската статистичка служба.

Во втората половина на 2012 година, цените на струјата во Кипар се зголемиле за 20,6 отсто, во споредба со истиот период на 2011 година.

За тој период на минатата година цифрите за домаќинства покажуваат дека сто киловати струја на Кипар чинеле 29,15 евра, додека просекот за Европа е 19,7 евра.

Второто најголемо зголемување на струјата е регистрирано во Грција – 15 отсто, пишува весникот.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски