Трамп: Бајден ќе влезе во Белата куќа само ако докаже дека законски ги добил гласовите

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на Твитер порача дека новоизбраниот претседател, Џо Бајден, може да влезе во Белата куќа само ако докаже дека гласовите на избирачите ги добил на законски начин.

-Бајден може да влезе во Белата куќа како претседател ако може да докаже дека неговите смешни „80 милиони гласови“ не биле добиени измамнички или незаконски. Кога гледате што се случи во Детроит, Атланта, Филаделфија и Милвоки, огромна изборна измама, тој има голем и нерешлив проблем, напиша претседателот на САД на Твитер.

Трамп синоќа изјава дека ќе се повлече од функцијата ако колеџот на електори изгласа за демократот Џо Бајден. Веднаш потоа тој коментираше дека изборите во САД биле фалсификувани.

Седницата на гласање на колеџот на електори за официјална потврда за победник на претседателските избори на ниво на САД, неофицијално прогласен е демократот Бајден, е закажана за 14 декември.

Би можело да ве интересира

Бајден на историски најниско ниво со поддршка од 38,7 отсто

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми