Грчките власти се убедени дека мнозинството од граѓаните ќе се вакцинираат против Ковид-19

Од:

Убеден сум дека мнозинство наши сограѓани ќе разберат, правилно ќе се информираат и на крајот ќе се вакцинираат , вели министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас во интервјуто за грчката телевизија „Open“.

Споменувајќи го и она што и самиот грчки премиер го најави, дека ќе постои национална кампања за вакцинација против Ковид-19, Кикиљас објасни дека сите ќе бидат вклучени: државата, црквата, социјалните организации, лекарските комори, фармацевтски здруженија, компаниите, општинските и регионалните совети, односно „сите оние кои што ја разбираат важноста да им се објасни на граѓаните, колку вакцините се корисни за јавното здравје, за нивното здравје и за нивна одбрана од коронавирусот“.

За ситуацијата со пандемијата во Грција, Кикиљас вели дека здравствениот систем е под притисок, особено во северниот дел на земјата.

Во однос на вакцината, според последните три истражувања на јавното мислење во Грција, објавени во изминатите два дена од телевизиите „Стар“, „Скај“ и „Мега“, пет до шест од десет Грција, односно 51 отсто, 52,1 и 64 проценти од анкетираните рекле дека ќе се вакцинираат против Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната