Запленети 36 килограми марихуана, приведени две лица

Од:

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал – Единица за недозволена трговија со дрога при Бирото за јавна безбедност до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против А.И. (59) и З.М. (52), двајцата од Куманово, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.


Како што соопшти МВР, А.И. и З.М. од Косово набавиле марихуана заради натамошен транспорт до Р. Турција, со цел стекнување противправна имотна корист. На 04.11.2020 тие отпатувале во Косово за да ја преземат марихуаната, по што се вратиле во Северна Македонија, а товарното возило во кое била марихуаната по насоки на А.И. било паркирано на договорена локација во Скопје. На 09.11.2020 З.М. по инструкции на А.И. тргнал за Турција при што на автопатот Скопје – Велес изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Полициски службеници извршиле преглед на товарното моторно возило и во него пронашле марихуана. Пронајдената марихуана е предадена на вештачење и е утврдено дека е со вкупна нето тежина од 36 килограми.

Лицата се лишени од слобода и изнесени пред судија на претходна постапка, при што им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Акција во Прилеп: Полицијата уапси дилер на марихуана

Двајца осомничени признале вина за шверцот на пет тони марихуана од Македонија во Србија

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он

ВИДЕО: МВР објави снимка од марихуаната која од Македонија тргнала за Турција ,а беше запленета во Солун

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана