ЕК: Поврзаноста на владеењето на правото и буџетот е во согласност со ЕУ 27

Од:

Европската комисија соопшти дека, и покрај ветото на Унгарија и Полска, го поддржува механизмот што го условува финансирањето од буџетот на ЕУ со владеењето на правото во земјите-членки.

Портпаролот на Европската комисија Ерик Мамер нагласи дека механизмот на кој се спротивставуваат Будимпешта и Варшава е во согласност со договорот на лидерите на ЕУ 27 од состанокот во јули.

– Механизмот е фокусиран на заштита на буџетот на ЕУ, обезбедува еднаква примена за сите, а мерките што евентуално би можеле да се преземат според овој механизам треба да бидат под надзор на Европскиот суд на правдата, рече Мамер.

Европската комисија додава дека Договорот за ЕУ предвидува опции во случај на недонесување на буџетот, но оти приоритет во работата сепак е спроведувањето на буџетот и фондот за обнова во најбрз можен рок, односно на почетокот на следната година.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он