Романија влезе во Гинисовата книга на рекорди со најголемо знаме. Неколку часа беа потребни за околу 200 лица да го растегнат знамето со димензии од 349 на 227 метри.
Знамето е три пати поголемо од плоштината на едно фудбалско игралиште, според Џак Брокбанк, претставник на Гинис, кој го измери пред да го прогласи за најголемо знаме на светот.
– За мене е големо задоволство да пресудам за титулата на нов светски рекорд за Гинис. Романија ти честитам, изјави претставникот на Гинис.
Тој прецизираше дека романското знаме покрива плоштина од околу 79.290 метри квадратни, со што Романија го победи Либан, кој досега го држеше претходниот рекорд за најголемо знаме.
Знамето, тешко пет тони, беше изложени во селото Слинчени, на 35 километри југоисточно од Букурешт.
Адриан Драгомир, директор на фабриката за знамиња, која го изработи знамето, посочи дека за негово шиење биле потребни недели и биле употребени 70 километри конец.
Премиерот Виктор Понта и другите министри пристигнаа во селото за да ги видат знамето.