Бошкоски: Храброста да се каже вистината е прогресивен и потребен чекор во македонската политика

Од:

Лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, вечерва се огласи преку Фејсбук со коментар околу последните случувања поврзани со Бугарија и со интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција Бгнес, кое предизвика многу реакции и полемики.

„Храброста на политичарите да ја кажат вистината е прогресивен и потребен чекор во македонската политика,“ напиша Бошкоски и додаде:

„Демократијата бара различни мислења, ставови како и дебати на битни теми.

Но, неминовна и ноторна потреба е да се реши една работа која со децении се пролонгира (проблем кој го влечат повеќето екс-ју републики).

Да се отворат архивите на УДБА и да се види кој кодошел на Белград.

Можеби, тие што сега најмногу креваат врева ќе се најдат на списоците…“, напиша Бошкоски на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Европската идеја не смее да се сведува на уцени, ова што ни се случува е неправда, вели Тошковски

ВИДЕО: На барање на известувачот Вајц, одложено гласањето во АФЕТ за извештајот за Македонија

АФЕТ ќе гласа за усвојување на Извештајот на Вајц за земјава

Катерина Ѓуровски

Сиљановска Давкова: Навредлива е бугарската Резолуција за Македонија

Бугарија и Македонија треба да разговараат и да најдат решение за билатералното прашање, порача Кос

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Агендата на Софија е создавање нова македонска нација, Европа има шанса да ја исправи историска неправда

Катерина Ѓуровски