Германскиот производител на автомобили „Порше“ го претстави суперавтомобилот 918 Спајдер.
Новиот хибрид на Порше е опремен со 4,6 литарски В8 мотор со 612 коњски сили и два електро-мотори што заедно испорачуваат вкупно 887 коњски сили.
Забрзувањето од 0 до 100 километри на час е за 2,8 секунди, а максималната брзина изнесува 340 километри на час.
Порше 918 Спајдер, на електрична енергија има автономија на движење од околу 30 километри и максимална брзина од 150 километри на час.
Автомобилот се очекува на пазарот оваа есен, со цена што ќе се движи околу еден милион долари.