Штипската општинска изборна комисија ги формира избирачките одбори за затворите и за ковид болните

Од:

Општинската изборна комисија од Штип ги подготвува решенијата за членовите на избирачките одбори. Покрај избирачките одбори за ковид пациентите и за гласачите во изолација, се формираат и пет избирачки одбори за казнено-поправните установи со цел осудените лица да го остварат своето право на глас.

– Наша задача е и петте затвори да бидат покриени со избирачки одбори, каде што ќе гласаат осудениците на 12 декември, еден ден пред првиот изборен круг, изјави претседателката на Општинската изборна комисија Сенка Андреева.

Пријавувањето за остварување на правото на глас за болните и немоќни лица почнува од понеделник, а како што вели Андреева, завршува на 5 декември, кога ќе имаат и дежурна екипа до полноќ.

-Отворена е и апликацијата за оние кои сакаат да гласаат, а се во изолација или се позитивни на коронавирусот. Знаеме дека добиваат решенија од Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Потребно е само да го скенираат тоа решение и да потполнат изјава и тоа го праќаат електронски, вели Андреева.

Би можело да ве интересира

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор