Ерменскиот премиер Никол Пашинијан изјави денеска дека е одговорен за ситуацијата во Нагорно Карабах.
-Живееме во многу тешки времиња, но мора да ги преживееме и овие тешки времиња и да живееме со последиците, рече тој на состанокот на Владата, нагласувајќи дека како премиер на таа земја ја презема целосната одговорност за ситуацијата во Нагорно Карабах, но и дека е одговорен за иднината на земјата, пренесе Tасс.
„Внатрешната и надворешната стабилност и безбедноста се апсолутни приоритети“, рече Пашинијан, додавајќи дека ерменската Влада мора да го анализира развојот на настаните и „да им ја претстави вистината на луѓето“.
Рускиот претседател Владимир Путин, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никола Пашинијан на 9 ноември потпишаа договор за целосен прекин на огнот на територијата на Нагорно Карабах, што почна да се применува од 10 ноември.