Димитров: Ова е бесмртниот „вирус“ на идеали против кој залудно се бара „вакцина“

Од:

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, спорот со Бугарија го нарече битка за македонската суштина и сржта на европските вредности од кои нема отстапување.

„Идејата на договорот беше историјата да им се остави на историчарите, за ние да се занимаваме со сегашноста и со иднината. Да ги решаваме билатералните прашања билатерално, без тие да бидат пречка на патот кон ЕУ“, напиша Димитров на Фејсбук, по интервјуто на премиерот Заев за БГНЕС.

Димитров вели дека македонскиот јазик и самоопределување, државотворноста и идентитетот не можат да бидат пречка за интеграција со Унија, која почитува културни и јазични различности како темелна вредност, ниту можат да бидат пречка за вистинско пријателство, бидејќи тоа секогаш се базира на взаемна почит.

„Ова е бесмртниот „вирус“ на идеали против кој залудно се бара „вакцина’“, напиша Димитров.

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова: Навредлива е бугарската Резолуција за Македонија

Бугарија и Македонија треба да разговараат и да најдат решение за билатералното прашање, порача Кос

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Агендата на Софија е создавање нова македонска нација, Европа има шанса да ја исправи историска неправда

Катерина Ѓуровски

Која гаранција ќе биде конечно доволна за Мицкоски, прашува Филипче

ВИДЕО: За Македонија нема „план Б“, да ја спроведе преговарачката рамка – порака од Бугарија

Катерина Ѓуровски

Бугарскиот парламент со декларација ќе отфрли било каков „план Б“ за Македонија

Катерина Ѓуровски