Грчкиот телекомуникациски и pay-TV провајдер Forthnet S.A официјално стана дел од United Group, водечкиот давател на телекомуникациски и медиумски услуги во Југоисточна Европа.
Влегувањето на United Group на грчкиот пазар е уште едно достигнување во нејзината Европска стратегија за раст и понатаму ја зацврстува позицијата на групата со седиште во Холандија како лидер во индустријата, која работи во осум земји од регионот.
Викторија Боклаг, Главен Извршен Директор на United Group: „Задоволство ми е да им посакам добредојде на нашите колеги од Forthnet во семејството на United Group. Имаме амбициозни планови за компанијата што ќе се имплементираат со новиот менаџерски тим. Брендот Forthnet Nova е добро етаблиран во Грција и гледаме многу потенцијал за бизнис.”
Таа продолжи: „Имаме можност да донесеме на грчкиот пазар повеќе содржини и повеќе опции во забава и спортот за да се поттикне раст на pay-TV услуги. Уверени сме дека со примена на нашата експертиза во области како што се содржини и технологија, во комбинација со нашата поширока телекомуникации понуда, можеме да испорачаме врвно корисничко искуство и да ги реализираме нашите цели за бизнисот. “
United Group, кој е во мнозинска сопственост на BC Partners, објави во јуни дека се согласи за почетната аквизиција на удел од приближно 36% во Фортнет. Од тогаш, United Group го зголеми својот удел на околу 80%. До крајот на годината, откако компанијата ќе ја заврши конверзијата на конвертибилниот долг на Фортнет, нејзиниот удел ќе се искачи на околу 85%.
Forthnet е провајдер на услуги за домашна забава и комуникациски услуги во Грција, со околу 1.000 вработени и скоро 1,4 милиони единици за генерирање приходи (RGU). Forthnet им нуди на своите клиенти повеќе од 60 direct-to-home (DTH) канали преку брендот Nova.
Купувањето на Forthnet е трета голема трансакција на United Group за помалку од една година, по аквизициите на хрватските Tele2 и бугарскиот Vivacom. Заедно аквизициите ја зголемија големината на компанијата до 1,7 милијарди евра од про-форма приходите.
Работејќи и во телеком и во медиумскиот сектор, платформата на United Group ги комбинира водечките оператори и најдобрите производители на содржини во Југоисточна Европа. Компанијата има повеќе од 10 милиони претплатници и 11 илјади вработени.
За United Group:
Со седиште во Амстердам, United Group е водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа. Преку значителни инвестиции во дигитална инфраструктура, содржини и технологија, таа обезбедува водечки услуги за клиентите низ целиот регион. За две децении од основањето, United Group купи и успешно интегрираше повеќе од 100 компании во својата структура. Има најширока мрежна покриеност во регионот и им нуди на корисниците најатрактивен избор на ТВ-содржини од целиот свет. United Group е во сопственост на BC Partners, една од најголемите глобални инвестициски компании, од март 2019 година и работи во осум земји. За повеќе информации, посетете https://united.group/
ПР Текст