ВМРО-ДПМНЕ: Во која друга земја во светот мртовци и пациенти се лечат во иста просторија

Од:

„Во која друга земја во светот во една иста просторија има мртовци и пациенти кои се лечат. Тоа за жал се случува во битолската болница во Македонија. Тоа е последица на распаднатиот здравствен систем кој сто е продолжение на случаите каде во двор на болница се земаше инфузија, пациент во Штип почина поради недостаток на кислород, пациентка од Струга почина во дворот на охридската болница, само затоа што не ја пуштија да се лечи“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Вистината е дека Филипче ја лаже јавноста дека болниците се отворени за сите пациенти. Во болницата 8 септември не примаат пациенти над 70 години. Овие луѓе се оставени да умрат во немилост од државата.

Вистината е дека Филипце ја лаже јавноста кога вели дека ја има ситуацијата под контрола кога нема ништо под контрола.

Заради неспособноста на Филипче со денови се чека за тестирање, а уште толку за да се добијат резултатите. Дополнително луѓето се позајмуваат за да можат да се тестираат, а додека чекаат резултати остануваат и без работа.

Сведоштвата кои ги слушаме од луѓето секојдневно, а кои и неретко ги пишуваат и на социјалните мрежи се траорни. Филипче не успеа да се справи со коронакризата. На секаде ни се случува хаос, а Македонија е рекордер по бројот на умрени на милион жители, ни умираат луѓе буквално на секој саат од КОВИД 19.

Филипче и Заев се главните кривци што се губат животи“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски